Проектот е дел од активностите за зајакнување на концептот на работа на полицијата како јавен сервис на граѓаните кој предвидува секојдневен контакт на полициските службеници и граѓаните, нивно меѓусебно познавање и воспоставување на меѓусебна доверба.
– Овој проект има за цел да ја подигне довербата во полицијата и да воспостави поголема врска помеѓу граѓаните и полицијата, со цел зајакнување на довербата и лесна достапност на полицијата до секој дел од градот, до секое маало, УЗ и граѓанин – изјави Ване Маневски, раководител на Секторот за јавни дејности при општина Штип.
Според најавеното, сето ова ќе резултира со зачувување и подобрување на поволната безбедносна состојба на подрачјето на општините Штип и Карбинци, заедничко решавање на проблемите и ефикасно попречување на влијанието на сите негативни појави поврзани со безбедноста и истовремено градење на меѓусебна доверба и соработка помеѓу полицијата, граѓаните и останатите институции.
– Полицијата ќе дели флаери низ урбаните заедници на кои ќе биде напишано името, контактот и телефонскиот број на секој реонски полицаец или безбедносна служба во тој дел од градот. На тој начин, граѓаните ќе знаат кое е службеното лице кое ја следи состојбата во нивното место на живеење и во случај на потреба, ќе имаат контакт и ќе знаат кому да му се обратат – изјави Дејан Петров, командир на полициската станица Штип.
Добивањето свој полицаец за контакт ќе претставува одлична врска помеѓу граѓаните, полицијата и другите институции како полесно би ги воочиле проблемите во заедницата и со меѓусебна соработка истите ќе ги решаваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претставување на аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје