Групата Металика во неделата одржа концерт во аргентинската база на Антартикот. Ова е втор концерт одржан на ледениот континент, а можност да го пратат овој настан имаа фановите од Јужна Америка.
Најсреќните 100 обожаватели имаа прилика да присуствуваат на необичната свирка која беше организиран во специјално изградена сала.
Ѕидовите на салата ја штителе публиката меѓу кои имало и неколку научници, кои за целиот настап носеле слушалки. Инаку поради заштита бендот свирел без неговото стандардно озвучување, а се било на соларна енергија.
Ова е историски настан за „Металика“, бидејќи со ова сега може да се пофалат дека свиреле на сите континенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


