По кратко боледување, почина манекенката Малена Дивчева. 27-годишната штипјанка беше дел од модното студио „Шанел“ во Битола.
Од нејзиното матично модно студио, за „Плусинфо“ потврдија дека Малена веќе два месеци престојувала во болница во Скопје, каде што се лекувала од рак на грло, кој за кратко време се проширил и на другите делови на телото.
Дивчева во 2010 година ја освои титулата „Мис лето“, на изборот кој се одржа на плажата „Егзотик“ во Претор.
Покрај многубројните модни ревии и фотосесии, таа се појави и во неколку спотови на нашите пејачи.
Извор: Вистина.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


