| четврток, 6 декември 2018 |

Кари блескаше со 43 поени, Голден стејт, сепак, загуби

Стивен Кари одигра блескава партија баскет против Шарлот бобкетс, постигна 43 поени, но, сепак, неговиот тим Голден стејт вориорс загуби со 111-115 на гостински терен.

Кари постигна 32 коша во второто полувреме, 19 од нив во последната четвртина, а имаше одличен ривал во Кемба Вокер. Бекот на Шарлот забележи 31 поен и беше непогрешлив кога се одлучуваше мечот. Тој ги постигна последните 15 поени на мечот за домашниот состав. Џералд Хендерсон забележи 24 поени за Шарлот, а на спротивната страна Клеј Томпсон даде 22 поени.

Убав белег на ноќешната програма од 6 натпревари остави и центарот на Сакраменто кингс, Демаркус Казинс, со 32 поени и 19 скока, што е импресивно достигнување. Кингс славеа против Далас со 112-97.

Резултати: Шарлот – Голден стејт 115-111, Филаделфија – Л.А. клиперс 83-94, Вашингтон – Денвер 74-75, Мемфис – Орландо 94-85, Јута – Портланд 94-105, Сакраменто – Далас 112-97.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top