
Владее голем интерес за становите во облакодерите во скопската населба Аеродром, пишува весникот „Дневник“. Според весникот, над 40 стана се продадени во двете висококатници „Џеваир скај сити“, кои се градат во Аеродром, за еден месец откако почна продажбата, информираат од компанијата „Џеваир холдинг“. Kупувачите се од Македонија и од Турција. Најскапите станови на највисоките катови сѐ уште не се продадени иако има голем интерес и за нив.
– За 15 дена ќе ги потпишеме првите 40 договори за продажба на станови во „Скај сити“. Има случаи кога еден купувач ќе купи и по четири стана одеднаш затоа што сака да инвестира во недвижен имот. Околу 200 луѓе веќе дојдоа и се распрашуваа за становите во двете згради. Најчести купувачи се Македонци што работат во странство, а има купувачи што се родени во Македонија, а живеат во Турција – информира Ејуп Учак, директор за надворешни и за односи со јавноста во „Џеваир холдинг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


