| четврток, 6 декември 2018 |

Во Уганда бараат кастрација на македонски педофил

emin-baro

Емин Баро за време на последното апсење

Здружението за заштиата на правата на децата во африканската држава Уганда, бара да се донесе закон за физичка кастрација на педофилите. Нивната иницијатива е пред се поттикната од неделата на Емин Баро, македонски државјанин од турско потекло кој минатата година беше фатен и осуден со фотографии каде има секс со дузина угандски малолетнички. Тој дури фотографиите ги обајвувал на Фејсбук.

baro mozaik

-Кога некому ќе му го отсечете половиот орган, тоа дава јасна порака до сите перверзници дека децата треба да се сакаат, почитуваат и одгледуваат, а не да се злоупотребуваат – изјавил пред пратениците во угандскиот парламент Мондо Куатека, комисионер во министерството за полова еднаквост на Уганда

Емин Баро (53) е осуден педофил во Уганда, за кого минатата година се сметаше дека е турски државјанин, се додека министертсвото за внатрешни работи на Уганда не објави дека тој имал македонски пасош. Тој цели шест години злоставувал деца во Уганда.

emin-baro crnce

Кај Баро се најдени илјадници вакви фотографии

Скандалот со Баро, лани предизвикуваше бура во оваа африканска држава, откако тој беше уапсен на 12 март и набрзо осуден на само две години затвор за педофилијата, но по основ на „злоупотреба на компјутери и интерент за ширење на порнографија“. Ова кривично дело се базирало на доказите најдени во неговиот компјутер, каде имало слики на кои се гледа дека тој имал полови односи со деца.
Баро, пред судиите го признал кривичното дело, па дури додал и дека фотографиите ги објавувал на социјалната мрежа Фејсбук.
По изрекувањето на пресудата, педофилот ја искористил законската можност да плати парична казна наместо да лежи затвор. Баро платил 6 милиони угандски шилинзи или 1864 евра и вооптп не заминал во затвор. Ова предизвика масовни протести во оваа земја, по што Владата побарала ревизија на пресудата. Баро повторно е уапсен во мај лани и се суди по друго кривично дело – полов напад на малолетници. Судењето се уште трае.
Но, случајот со Баро, не ја брануваше само Уганда, туку и Турција. Некако дошло до забуна во оваа земја дека тој е Турчин и дека има турско државјанство. Турските медиуми секојдневно пишуваа за срамот што и е нанесен на турската нација поради овој злосторник. Така беше до вчера кога со големо олеснување во Истанбул беше дочекава веста дека Баро не е ниту Турчин, ниту турски државјанин.
„Турците се луѓе кои ги почитуваат законите, се плашат од Бога и ги почитуваат правата на децата“ видно возбуден кажала на прес-конференција Мелих Улуерен, амбасадор на Турција во Уганда.
Асуман Мугенџи, портапролот на угандското МВР, ги потврдил информациите на амбасадорот, наведувајќи го и бројот на пасошот на Баро.
„Емин Баро не е турски државјанин туку македонски со број на пасош … Тој исто така е и државјанин на Нов Зеланд со пасош број…“, рекол Мугенџи.
Баро бил обучен учител кој во Уганда стигнал пред шест години. Пред да стигне во Уганда живеел во Кенија, каде исто така бил уапсен за педофилија, но бил ослободен од притвор со кауција. Во Уганда бил откриен сосема случајно, кога во едно кафуле во градот Иганга, го заборавил компакт – дискот на кој имал снимело фотографии со порнографска содржина. Сопственикот на кафулето го земал дискот и погледнал што има во него по што случајот веднаш го пријавил во полиција. Баро бил набрзо уапсен, а во неговиот компјутер биле најдени многу фотографии на кои тој има орален секс со деца.

Емин Баро, осудениот педофил во Уганда, без сомнение е македонски државјанин, потврди нашето министерствто за внатрешни работи. Според нивната евиденција, тој последен пат бил во Македонија во 2011 година, кога легално ја напуштил државава, а веднаш потоа, според угандските власти влегол со македонскиот пасош како турист.

emin-baro sud

На првото судење се спасил со само 1800 евра

Баро водил потекло од источниот дел на Македонија поточно од радовишкиот крај, но МВР не можеше да ја потврди оваа инфомација. За Баро како педофил не се знаат ни во детската амбаса Меѓаши. Угандското министерство за надворешни работи се уште не реагирало до македонското во врска со овој скандал, а нема информации и дека нашите дипломати се заинтересирале што се случува со овој македонски државјанин.
Најново, според пишувата на медиуми во оваа африканска држава е инфомацијата на тамошната полиција дека Баро воопшто не бил учител, како што се преставувал, туку обичен турист на кого визата веќе му била истечена.
Полицијата во Кампала веќе објави дека досега отркиле 50 деца, девочјиња помлади од 10 години, кои биле сексуално злоставувани од Баро.
Педофилот неделата ги правел во зафрлените села во Уганда. Девојчињата ги залажувал со ситни пари. Им плаќал по неколку илјади угандски шилинзи или околу 200 денари. Потоа го фотографирал и снимал со камера, а сето тоа го постирал на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top