Најмалку 11 лица загинаа, а шест се исчезнати во поплавите во североисточната сојузна држава Баија, соопштија бразилските власти.
Природната катастрофа предизвикана од поројните дождови за време на викендот уништи околу 70 куќи. Речиси 200 лица се сместени во училишта и локални спортски сали.
Спасувачките екипи ги пребаруваат поплавените згради за уште преживеани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.