| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски и грчки компании ќе договараат соработка во Скопје

stopanska-komora-

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани можностите што ги нуди градот Солун за унапредување на билатералната соработка со македонските бизнисмени.

Пред членките на Стопанската комора на Македонија ќе бидат претставени новите услуги на солунското пристаниште, транспортните и логистичките компании, хотелските капацитети и туристичките агенции. Планирано е да се одржат и директни средби меѓу македонските и грчките компании.

На настанот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Настанот се организира на иницијатива на Економско-трговското одделение при Канцеларијата за врски на Република Грција во соработка со Стопанската комора на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top