| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти на Гринпис прекинаа прес-конференција на Реал Мадрид (видео)

Активисти на Гринпис ја прекинаа прес-конференцијата на Реал Мадрид во Копенхаген, протестирајќи против нафтените компании со цел да се спаси Арктикот. Во текот на средбата со медиумите зад грбот на тренерот Анчелоти и на стоперот Пепе, активистите на Гринпис истакнаа парола на која пишуваше: „Спасете го Арктикот и покажете му црвен картон на Газпром“.

reall

 

Реал Мадрид денеска од 20,45 часот ќе игра против домаќинот ФК Копенхаген во меч од последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top