Галатасарај го доби вечното дерби во Турција против Фенербахче, овојпат се играше кошарка, наместо фудбал, а македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб постигна 13 поени за „гостите“. Галата славеше со 72-62, благодарение на подбрата игра во првата и третата четвртина што ги доби со 11, односно 9 поени разлика. Мекејлеб беше втор стрелец кај Фенербахче зад Немања Бјелица кој забележа 17 поени.
За Галатасарај најмногу поени прокнижи Ендер Арслан 18. Двете екипи сега го делат второто место на табелата во турската Прва лига зад лидерот Банвит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


