Расправата по Предлог-буџетот за 2014 година пратениците ќе ја почнат следниот понеделник, на 16 декември. По усвојувањето на документот од собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, на собраниска седница ќе се најде текстот на Буџетот дополнет со амандманите кои Владата ги прифати. Според собранискиот деловник пратениците ќе имаат пет дена за расправа по Предлогот.
Комисијата за финансирање и буџет прифати пет од поднесените 684 амандмани, а во десетдневната расправа успеа да разгледа само 291 амандман.
Државната каса според предлогот на Владата следната година ќе тежи 176,5 милијарди денари. Приходите се планирани на 158,2 милијарди, а дефицитот кој ќе се покрива од домашни и странски извори се планира да изнесува 3,5%, односно 300 милиони евра. Ваква структура на буџетот за 2014 година Владата изготви врз основа на проекцијата дека растот на БДП следната година ќе изнесува 3,2%, а инфлацијата 3,3%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


