| четврток, 6 декември 2018 |

Бруно Берлускони го навреди Балотели: Одиме да го гледаме нашиот мал домашен црнец

Паоло Берлускони, братот на сопственикот на Милан, Силвио, го навреди Марио Балотели, новото засилување на клубот на расна основа.

На конвенцијата на ултрадесничарската политичка партија „Народ, слобода“, Бруно пред присутните сопартијци рече: Сега ќе одиме на фудбал, да го гледаме нашиот мал домашен црнец.

Тоа се случи пред дебито на црномурестиот Балотели за Милан, викендов во Милано против Удинезе.

Марио одигра супер меч ги даде двата гола за гигантот од Милано (2-1 за Милан), а не е познато како реагирал Бруно Берлускони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top