| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун го разреши тетинот

Тетинот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Јанг Сонг Таек, уапсен е во неделата во Пјонгјанг, за време на проширениот состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија.

Ова е драматичен момент во кој некогаш моќниот тетин на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун беше отстранет на политички состанок од страна на полицијата.

Долго време се сметаше како втор најмоќени човек во таинствената држава, Јанг Сонг Таек, беше клучот за востоличувањето на неговиот внук на власт. Сепак, севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, објави во понеделникот дека тој “предничел во расипничкиот живот” и изјави дека бил отпуштен поради низа на кривични дела како што е корупцијата, швалерисување и користење на дрога.

-Јанг и неговите следбеници извршија кривични дела со збунувачка имагинација и тие направија огромна штета на нашата партија и револуција – објави агенцијата во извештајот по состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија во неделата.

Ким Јонг Ун присуствуваше и раководеше со состанокот кој одлучи да го разреши Јанг од сите негови позиции и да го истера од Работничката партија, соопшти КЦНА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top