Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се обрати на годинашното Собрание на земјите членки на ИАЦА – Меѓународната антикорупциска академија, што денеска и во наредните два дена се одржува во Банкок, Тајланд. Пред присутните Јанкулоска ги истакнала напорите на Македонската Влада и досегашните спроведени реформи.
– Во последните неколку години, Република Македонија во соработка со своите партнери од НАТО и ЕУ направи значајни чекори напред во градењето на нормативни и институционални рамки во борба против корупцијата и судирот на интереси, рече Јанкулоска – посочувајќи го донесувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, со Акциски план за периодот 2010 – 2015.
Еден од стратешките приоритети на МВР, како што истакна Јанкулоска, е борбата против корупцијата и коруптивно однесување меѓу вработените во Министерството и во полицијата, што е клучен предуслов за довербата на граѓаните во полицијата.
Таа се осврнала и на годишната Програма за борба против корупцијата на МВР, како и дека корупцијата бара широк системски ангажман, кој нема да биде ограничен само на кривично-правното процесуирање.
– Тоа значи превенција – од градење на транспарентни, одговорни системи на владеење, потоа зајакнување на капацитетот на граѓанското општество и медиумите што исто така, ќе вклучува зголемување на јавниот интегритет, односно зајакнување и на личната етика на јавни личности и генерално на граѓаните – изјави Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Јанкулоска: СЈО може да отвори и милион случаи, без аргументи, на база на кафеански муабети