| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Св. Петка“ во тетовското село Варвара

Непознати сторители во текот на изминатата ноќ извршиле кражба во црквата „Св. Петка“ во тетовското село Варвара, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Тој денеска информираше дека крадците украле ЛЦД телевизор од трпезаријата на црквата.

– По пријавувањето на случајот, екипа на СВР Тетово излезе на терен, го фотодокументираше случајот и работи на откривање на сторителите, а за настанот е запознат и јавниот обвинител – изјави Јосифовски.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и трага по сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top