| четврток, 6 декември 2018 |

Камбек на Коби, Лејкерси поразени

kobi brajant

По осум месечна пауза еден од најдобрите светски кошаркари Коби Брајант се врати на терените. Тој синоќа се појави на паркетот за својот клуб Лос Анџелес Лејкерс и одигра 28 минути против тимот на Торонто, но сепак не успеа да им помогне на соиграчите да извокуваат победа. Лејкерси беа поразени на домашен терен со 94-106. Брајант имаше лош учинок од поле погодувајќи само два удари од девет обиди и постигна девет поени, осум скока, четири асистенции и две украдени топки.
Се чини дека на Брајант ќе му треба дополнителен период за да се врати во препознатливата форма.
Њујорк беше декласиран со 41 кош разлика од тимот на Бостон и тоа на домашен терен во „Медисон сквер гарден“ (73-114).
Џордан Крафорд постигна 23 поени за Бостон, додека Кармело Ентони беше единствена светла точка кај Њујорк со 19 коша.

НБА резултати:

Оклахома сити – Индијана 118-94, Торонто – ЛА лејкерс 94-106, Хјустон – Орландо 98-88, Њујорк – Бостон 73-114, Детроит – Мајами 95-110.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top