| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја укина РИА Новости, формира нова агенција – Русија денес

putin

Рускиот претседател Владимир Путин ја укина државната новинска агенција РИА Новости и основа нова – Русија денес. Основна задача за новата агенција ќе биде да известува за државната политика на Руската федерација во странство и животот во Русија, се вели на сајтот на Кремљ.

Со истиот указ, на новата Меѓународна информативна агенција „Русија денес“ и припаѓа во сопственост и радиото Глас на Русија, а редакцијата на весникот Росискаја газета се реорганизира и на нив им се припојува магазинот Родина.

Генералниот директор ќе го именува и разрешува претседателот на Руската федерација. За прв директор на новата агенција Путин го назначи Дмитриј Кисјелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top