| четврток, 6 декември 2018 |

Ведро и релативно топло, а потоа наоблачување

esenТретиот ден од овој продолжен викенд носи претежно сончево и пријатно време, прогнозира Метеопро.
Сеуште ќе преовладува западната компонента на ветерот кој ќе биде претежно слаб. Дневниот максимум сепак ќе достигне релативно висока вредност. Долж Повардарието ќе има вредност од 8°С во северниот дел, а до 12°С во јужниот дел од овој регион. Котлините во западниот дел од земјата ќе имаат максимум околу 7°С, а во источниот околу 8°С.Во текот на вечерните часови почнувајќи од северните делови од земјава ќе имаме наоблачување кое во текот на ноќта на повисоките места ќе донесе можност за многу слаби врнежи од снег.
Во Скопје ќе имаме студено утро, но дневниот максимум ќе достигне до 9°С. Ќе имаме претежно ведро и сончево време со релативно слаб западен и северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе се зголемува облачноста со можност за слаб дожд и дожд со снег во повисоките места над Скопската котлина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top