Разгневена толпа во индиската четврт во Сингапур палеше возила и се судри со полицијата. Ова е еден од ретките случувања од овој вид- насилни протести заради драконските казни во овој град -држава.
Инцидентот почнал кога приватен автобус во населбата Мала Индија удрил и убил странец- работник. Телевизиите покажуваат снимки како толпата крши стакла и пали возила, додека три полициски автомобили се превртени.
Полицијата доцна вечерта го стави бунтот под контрола, но сега се очекува загриженост заради незадоволството на слабо платените странски работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


