| четврток, 6 декември 2018 |

Како функционираат „независните“ и „слободни“ медиуми во Македонија

Пропуст, мрза или манипулација

И покрај тоа што дваесетина македонски медиуми од сите провиниенции уште пред два дена објавија дека премиерот Груевски утре – понеделник патува за Брисел на средба со Претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпеј некои македонски медиуми тврдат дека македонскиот премиер ја криел посетата на седиштето на ЕУ.

nova

 

Порталот Нова вечерва објавува дека ниту еден медиум не информирал за посетата на Груевски и дека за неа дознале од Европската унија а порталот Либертас пренесувајќи ја Нова тврди дека Груевски ја криел посетата.

 

gruevski vo brisel top

 

Доволно ќе беше новинарите на овие два медиуми да отворат некој од македонските агрегати на вести  и веднаш да видат дека најмалку петнаесетина македонски медиуми уште пред 48 часа ја пренесоа веста дека утре Груевски ќе се сретне до Ван Ромпуј.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top