| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил: Неверојатна тепачка на фудбалски трибини (Видео)

vascoНеверојатни насилни сцени стигнуваат од Бразил, каде во последното фудбалско коло играа Атлетико Паранаенсе и Васко Да Гама.

Воена полиција, градската полиција, пожарникари… сите мораа да интервенираат за да се смират немирите кои почнаа на трибините. Во тепачките има и жртви, повредени се голем број на навивачи. Немирите почнале спонтано кога Атлетико повел со 1-0, со што Васко, четирикратен државен првак, бил на пат за втора лига. Натпреварот е прекинат, а прашање е дали некогаш ќе се преигра.

За потсетување, Бразил догодина е домаќин на светското фудбалско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top