| четврток, 6 декември 2018 |

САД се тресат на -41 степен

1119Студениот бран кој што ги зафати САД создава големи проблеми. Во Монтана температурата се спушти на -41 степен, а без струја се околу 200 илјади домаќинства.

Во Далас повеќе од 3 илјади лицапреноќија на аеродромот откако беа откажани 400 летови. Дождот кој мрзнел падна во Северна Каролина и во Вирџинија каде создаде големи проблеми во сообраќајот. Заради заледените патишта дојде до неколку сообраќајни несреќи. Полицијата во Мемфис затоа препорача да не се патува додека не се создадат услови за тоа. Студот, замрзнатиот дожд и снег се селат кон источниот брег на САД, каде невремето се очекува утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top