Двајца маскирани и вооружени разбојници вчера го ограбиле КАМ-маркет во скопската населба Чаир, од каде што си заминале со две каси под мишка, во кои за нивна жал имало незначителна сума пари.
Според полицијата, грабежот бил извршен вчера вечерта. Разбојниците упаднале во маркетот и вперувајќи оружје во вработените побарале да се потргнат за да ги земат касите. Откако ги зеле, побегнале. Од полицијата истакнуваат дека во двете каси имало незначителна сума пари и дека претрпената штета се само касите, чија вредност изнесувала околу 40.000 денари.
На 23-ти минатиот месец, истиот маркет беше ограбен исто така од вооружено разбојници. Тога тие имаа плен од околу 1000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.