Во 15 коло Арсенал не ја искористи шансата и со победа над Евертон да им избега на табелата на конкурентите. Тие денеска одиграа само 1-1 на домашен терен. Во текот на целиот меч „топчиите“ ја имаа иницијативата и не искористија неколку стопроцентни шанси. Сепак Арсенал поведе со голот на Озил во 80 минута. Евертон веднаш возврати и во 84 минута го израмни резултатот преку Делуфеу во 84 минута. Во самиот финиш од натпреварот во четвртата минута од судиското продолжение сепак Арсенал имаше шанса да дојде до трите бода, но ударот на Оливие Жиру заврши во гредата од голот.
Во вториот денешен натпревар од „Премиер“ лигата Фулам ја победи Астон Вила со 2-0.
Сега на табелата Арсенал има 35 бода, пет повеќе од Ливерпул и Челси и шест од Манчестер Сити.
All Goals – Arsenal 1-1 Everton (08-12-2013… by video4all
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



