Германскиот канцелар Ангела Меркел и група конзервативни европски партии сакаат да дадат поддршка за украинскиот политичар и поранешен боксер, Виталиј Клилчко со цел да го „обликуваат“ како лидер на опозицијата и можен противкандидат на украинскиот претседател Виктор Јанукович, дознава германскиот политички магазин Шпигел.
– Кличко важи за носител на надеж за приближување на Украина до ЕУ, но според аналитичари му недостига во овој момент, реторичка рутина и политичко искуство за претседателска изборна кампања, пренесува тој магазин според чии сознанија, планирано е Кличко на следниот состанок на партиите во Брисел во средината на декември да добие шанса да настапи и да се сретне со Меркел.
Притоа би требало да биде одржан и еден заеднички јавен настап, пренесува магазинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


