
Скулптурата на сестрата на фараонот Тутанкамон, која исчезна заедно со уште стотина други изложени дела во безредијата меѓу полицијата и исламистите во август оваа година, е пронајдена соопштуваат египетските власти.
– Тоа е еден од највредните експонати на Националниот музеј – изјавил египетскиот министер Мохамед Ибрахим.
Висока 32 сантиметри, фигурата датира од 1.500 година п.н.е. и беше централно изложена во музејот. Таа требаше да биде преместена во музејот посветен на фараонот Акхенатон и неговите потомци, што треба да биде завршен до крајот на годинава.
Експертите веруваат дека безредијата биле одличен параван за организиран грабеж, а некои од нив сметаат дека нападот на еден од најпознатите египетски музеи бил направен само за да се украде оваа скулптура.
Реликвиите од времето на фараонот Акхенатон имаат многу висока цена на меѓународниот црн пазар со уметнички дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


