Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо телефонски разговорал со украинскиот претседател Виктор Јанукович и побарал од него властите да се воздржат од примена на сила против демонстрантите во Киев.
– Тензиите да се решат со мирен дијалог на властите со опозицијата и претставниците на цивилното општество- пренесе Кабинетот на Баросо.
Во соопштението се додава дека Украина мора да го почитува правото на граѓаните за собирање и слободно изразување.
На денешните протести во Киев има стотици илјади демонстранти кои бараат оставка од претседателот Јанукович.
Според организаторите, на протестите има речиси милион луѓе додека полицијата тврди дека има околу сто илјади.
Демонстрантите ја испеаја химната, а подоцна им се обрати ќерката на поранешната премиерка Јулија Тимошенко која е во затвор.
– Нашата крајна цел е итна оставка на украинскиот претседател. Не правете чекор назад, не преговарајте со власт чии раце се со крв. Денес имаме избор – да потонеме во корумпирана диктатура или да се вратиме во домот, во Европа- наведе Евгенија Тимошенко, пренесувајќи ги ставовите на мајка си.
Опозициските лидери Арсениј Јаценјук и Виталиј Кличко повикаа и на генерален штрајк во државата. Полицијата соопшти дека мобилизирала 5.000 свои припадници за зачувување на јавниот ред во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени


