Прилепчанецот Рубинче Најдоски тврди дека е обесправен затоа што не може да најде адвокат во процесот кој што тој го покренал против службени судски лица.
Најдоски ги тужи екс-Претседател на Судот во Прилеп Љубен Биноски и Јавниот Обвинител Ристо Шошески за злоупотреба на службената положба , спречување на докажување , давање на лажен исказ и помагање на сторител во извршено кривично дело.
Најдовски во вторник во битолскиот суд заедно со група свои поддржувачи ќе присуствува без адвокат на процесот против Биноски и Шошески.
Најдоски тврди дека се обратил до Адвокатска комора на Република Македонија и од таму не добил помош за наоѓање адвокат.
Вели дека сите кои што ги контактирал се плашат да го застапуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


