| четврток, 6 декември 2018 |

Рибари или нарко-дилери – кои се убиените на тромеѓето меѓу Албанија, Грција и Македонија,

Armed attack against a police station in Athens

Што се случило ноќеска кога еден грчки полицаец и двајца албански државјани го загубија животот во престрелка на грчко-албанската граница кај Флорина, Мала Преспа.

Пукотницата се одвивала дваесеттина минути по полноќ. Двајцата Албанци вооружени со автоматски пушки се наоѓале ви една од разните колиби на тромеѓето меѓу Албанија, Грција и Македонија,  кои грчката погранична полиција ги контролирала. Кога еден од полицајците влегол во колибата тие отвориле оган кон него и го убиле. На тоа возвратиле другите двајца полицајци и ги застрелале Албанците. Според албанските медиуми во престрелката полесно биле повредени и двајцата грчки полицајци.

Според сѐ уште непотврдени информации колибата ја користеле нарко-шверцери. Некои пак медијуми објавија  дека се работи за рибари од градот Девол. Двајцата биле женети и имале по две деца. Се работело за многу сиромашни семејства, кои со рибарање обезбедувале основна егзистенција. Убиениот грчки полицаец е Елиас Костени (43), додека албанските државјани се браќата Клевис Чолаку (28) и Мелси Чолаку (34).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top