| четврток, 6 декември 2018 |

Крадци ноќеска нападнале во Куманово и Свети Николе

kradec-maska-15

Куќи во Свети Николе и Куманово биле мета на крадците изминатата ноќ. Од дом на улицата „Првомајска“ во Свети Николе, сопственост на 51-годишниот И.Н., се украдени 50.000 денари, 170 евра, два мобилни телефони, два фотоапарати, еден лап топ компјутер. Се проценува дека крадецот, кој влегол во куќата преку прозор, се стекнал со противправна имотна корист од околу 80.000 денари.

Во кумановското село Лопате биле ограбени две домаќинства со вкупна штета од 760.000 денари. Имот од пола милион денари бил одземен од куќа на иселеник во Австралија. 49-годишниот сопственик бил отсутен поради привремена работа, а вчера во градската полициска станица била пријавено дека во неговата куќа во селото Лопате исчезнала поголема количина накит во вредност од 500.000 денари. Сторителот влегол во куќата преку прозорецот. Во истото село и во истата вечер настрадало домаќинството на 47-годишниот С.И. од каде била одземена поголема количина златен наик и пари во вредност од 6.000 денари, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 260.000 денари. Крадецот влегол во куќата исто така, откако успеал да го отвори прозорецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top