| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Чествувањето на големите празници е темел за зачувување и унапредување на македонската култура

LIDERI-3-Zoran-Zaev

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, испрати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква -Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и до сите православни верници, во која се вели:

-Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите верници на Македонската православна црква во Република Македонија и надвор, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник со кој го чествуваме родоначалникот на словенската литература, првиот словенски епископ и втемелувачот на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски. Свети Климент, основачот на Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа, творецот на кирилското писмо, со своето дело ги задолжи словенските народи. Неговото црковно, книжевно и просветно творештво го осветли патот на многу нации во светот и им даде мотив и сила за висок цивилизациски развој. Почитувањето и чествувањето на ваквите големи празници е темел за зачувување и унапредување на македонската култура. Само така македонското општество создава иднина во која ќе се применуваат универзалните вредности и цивилизациски придобивки од македонските просветители.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top