| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено најстуденото место во светот

pronajdeno-najstudenoto-mesto-na-zemjata-162376

Тим научници од американскиот National Snow and Ice Data Center го откри најстуденото место во светот. Тие открија дека температурата на еден планински масив на Антарктикот се спушта под -91 степен Целзиус, на температура која човечките очи, нос и бели дробови замрзнуваат за само неколку минути.

Температурата е установена со помош на сателитите за мерење температура на Антарктикот. На температура од -78,5 степени Целзиусови, јаглеродниот диоксид се претвора во мраз. Најстуденото место се наоѓа на 3.779 метри надморска височина на Антарктикот, каде за два степени е постудено отколку во руската истражувачка станица Восток каде најниската температура изнесува -89,2 степени Целзиусови. Според научниците, на планинските масиви во Антарктикот постојат и постудени локации, бидејќи сателитите ја мерат просечната температура на километар квадратен и велат дека температурата е мерена во текот на сувите и ведри временски периоди, а не кога е снежно и ветровито време.

Најстуденото населено место на Земјата, пак, и понатаму е руското село Ојмијакон. Таму просечната температура во јануари изнесува -50 степени Целзиусови. Олмијакон е дом за околу 500 луѓе кои главно се занимаваат со лов и риболов во мраз, а сѐ што им треба купуваат во една единствена продавница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top