За големи македонски проблеми ги сметаме огромното иселување на македонските граѓани од сите националности и етнички групи. Со тоа се губи материјалната база на која треба да почива идниот развој на Република Македонија. Ние не можеме да разговараме за никаков развој без луѓе. Македонија се соочува со тој голем проблем, јас го нарекувам најновиот егзодус во серијата егзодуси во последните два века на Македонците, и додека тие другите егзодуси биле со пушка, денеска егзодусите се со визи и пасоши кои не се македонски. Македонците денеска земаат бугарски пасоши, земаат косовски, албански или некои други пасоши, а наскоро откако Србија ќе ги почне преговорите, најверојатно ќе почнеме да земаме и српски пасоши. . Вели Љупчо Зиков, претседател на Алијанса за позитивна Македонија во интервју за Радио Слободна Европа .
– Нашата црвена линија е дека треба да го одбраниме нашиот идентитет. Нашата црвена линија е следна: Македонското име, Република Македонија, уставното име треба да се задржи. Тоа ако се реши, Македонија може да разговара за име за меѓународна употреба или за промена на референцата, кој како сака нека го каже. Тоа подразбира Грција да го напушти принципот за ерга омнес име – вели Зиков.
Бучковски или Јорданов, кој ќе биде кандидатот за претседател на претстојните избори?
Зиков: Алијансата ќе има свој кандидат на претседателските избори. Ние не можеме да го кажеме во моментов името на нашиот кандидат, консултации се прават. Освен овие две имиња, размислуваме уште за некое име.
Ќе го откриете?
Зиков: Консултациите се одвиваат во моментов, би било крајно несериозно да лицитираме, гледам деновиве лицитираат разни имиња во медиумите. Работиме на тоа што треба да каже нашиот кандидат во јавноста, што е тоа ново што треба да го донесе нашиот кандидат на политичката сцена заради тоа што без разлика што некои ја неутрализираат моќта на претседателот во општеството, јас лично, а и во Алијансата сметаме дека улогата на претседателот на Република Македонија, може да биде многу значајна улога ако сакаме нештата да ги поместиме кон напред во нашето општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.