| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Да покажеме поголемо заедништво и мудрост

gruevski07021g

Голема чест и радост! Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од нашата земја, Ви го честитам 8 Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски и Ви пожелувам благословени и среќни празнични денови. Овој наш голем празник е посветен на светителот кој на македонско тло ја создаде кирилицата и кој со своето дело го обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредности чија благодат ја ползува не само македонскиот народ туку и целокупниот христијански свет и човештвото во целина. Продолжувајќи ја просветителската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски на најдобар начин ги застапувал вредностите на православието преку учењето за солидарноста, христијанскиот дух и верата на луѓето. Неговите дела се епохални и безвременски. Тие за навек не задолжија нас, граѓаните на Република Македонија. Чествувајќи го овој голем празник, да покажеме поголемо заедништво и мудрост и да излеземе посилни пред предизвиците со кои се соочуваме, стои во честитката од премиерот Никола Груевски по повод денешниот празни Св.Климен Охридски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top