| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот парламент го усвои рестриктивниот буџетот за 2014

grcki parlament

Грчкиот парламент доцна синоќа го усвои рестриктивниот буџет за 2014 година, со кој е предвидено намалување на државните трошоци од 3,1 милијарда евра. Владата на премиерот Андонис Самарас ја доби поддршката на мнозинството пратеници во Парламентот за предложениот буџет, со кој е предвиден крај на рецесијата, која во земјата трае од 2008 година. Буџетот е усвоен со 153 гласа, а против биле 142 пратеника.

Со буџетот за следната година предвиден е економски раст од 0,6 отсто, по падот за четири отсто во тековната година. Со него, исто така, се предвидува и дополнителен даночен приход од 2,1 милијарда евра. Премиерот Самарас за време на дебатите во Парламентот за предлог-буџетот изјави дека „буџетот на Грција за 2014 година ќе претставува вистинска револуција во економската сфера“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top