Актерката Анџелина Џоли никогаш нема да биде во можност да му верува на својот партнер Бред Пит, бидејќи врската ја започнаа така што актерот ја изневери неговата тогашна сопруга Џенифер Анистон.
-Анџелина никогаш нема да биде во можност целосно да му верува на Бред затоа што врската ја започна како љубовници. Тогаш Пит се уште беше во брак со актерката Џенифер Анистон – изјавил извор близок до двојката за „Шоубиз спај”.
Изворот, исто така додал дека Анџелина се води со по онаа изрека ако еднаш го сторил тоа, ќе го стори повторно.
– Таа е несигурна кога станува збор за Бред. Знае дека ја изневери неговата тогашна сопруга, па зошто не би и го сторил тоа и неа – вели изворот.
Неодамна, американските таблоидите пишуваа за тоа како Бред Пит се дружел со мистериозна бринета во ноќен клуб и дека флертувал со неа.
Тоа многу ја вознемирило Анџелина и оттогаш нивниот однос е прилично нестабилен. Во моментов постојано се раздвоени, поради многуте обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!