| четврток, 6 декември 2018 |

Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш!

–      Кол­ку е бли­ску сон­це­то!

Ко­га Ве­ра Вуч­ко­ва на 3 април 1945 го­ди­на ја ка­жа­ла пр­ва­та реп­ли­ка во пре­пол­ни­от са­лон на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар не ни со­ну­ва­ла де­ка овие збо­ро­ви ќе ù обез­бе­дат ме­сто во ме­мо­а­ри­те на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра…

-Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш!

Петар Темелковски на 7 декември 2013 година ја кажа првата реплика во преполниот салон на Македонскиот народен театар. Тој ги кажа зборовите кои ќе му обезбедат место во мемоарите на македонската култура… Вечната куќа долго ќе се памети – сцената на сегашните и идните актери, сцената која вечерва потсети и на старите актери кои играле во некогашниот театар…

Вечерва започна да се пишува новата историја во македонската култура. „Вечна куќа“ во режија на Дејан Пројковски, по текст на Јован Плевнеш ја разбранува публиката… Актерите ги кренаа на нозе присутните во црвено-златната сала во ново-стариот македонски театар.

Vecnata Kuka_038

Сценографија, ефекти, звук… надополнето со умешноста на веќе докажаните македонски актери, но и оние помладите, штотуку излезени од Факултетот за драмски уметности. Секоја чест за режисерот Дејан Пројковски, кој по „Хамлет“ и „Генетика на кучињата“ уште еднаш докажа дека е едно од најголемите режисерски имиња на денешницата. Тој е режисерот кој умее да ги искористи сите можности што ги нуди механизацијата во салата, како и технологијата. Умешно на публиката и покажа што се крие овој магичен дом.

Vecnata Kuka_021

Тони Михајловски само потврди дека навистина и недостасуваше на македонската публика во изминатите години кога беше далеку од сцената. Неговиот талент, неговата оригиналност надополнета со умешноста на неговите колеги Дејан Лилиќ, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Ѓорги Јолевски, Владо Јовановски, Јордан Симонов, Нино Леви, Висар Вишка, Славиша Кајевски, Драгана Костадиновска, Дарја Ризова, Арна Шијак, Весна Петрушевска, Снежана Коневска Руси….

Vecnata Kuka_005

Најголемиот аплауз сосема заслужено го доби Искра Ветерова која го играше ликот на Стела Бенвениста, еврејката која трага по својата вечна куќа од 1492 година. Солзи, љубов, насмевка, лутина, бес, страв… Секое чувство како реално да го доживува… Чиниш солзите кои потекоа се искрени, навистина пати од духот на сите оние кои стапнале на ова тло и бараат квадрат од нејзината вечна куќа.

Vecnata Kuka_034

Овации за Ристо Шишков, одглумен преку ликот на неговиот син Васил Шишков. Тој си побара свој простор во овој дом, онолку колкаво што е неговото вечно почивалиште. А свој простор во оваа зграда имаат сите оние легенди кои застанале на сцената на стариот театар, оние кои заминаа прерано, пред да ја почувствуваат магијата на овие штици што за актерите живот значат.

Ова е дом за сите, вечен дом на актерите, вечна куќа на љубителите на театарот и македонската култура. Нека е вечен вечниот дом!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top