Во првите 6 месеци годинава биле издадени 8.845.368 во вкупен износ од 1.050.084.772 денари. Или, секој граѓанин добил по 4 рецепти за лекови. Бројката на рецепти е поголема од истиот период во 2012 и 2011 година. И понатаму еналаприл и диазепам се најкористените лекови, пишува Здравство 24. За еналаприл биле издадени над 800.000 рецепти, а за диазепам околу 400.000. За лекот пентоксифилин ФЗОМ дал најмногу пати – 36.965.374 денари. Голем број на издадени рецепти или 251.858 има и за лекот ранитидин.
Заклучокот на ФЗОМ е дека снабдувањето на осигурените лица со лекови на рецепт на товар на ФЗОМ во ПЗЗ во континуитет оди во нагорна линија, а доказ за тоа е постојаното зголемување на бројот на реализирани рецепти. Исто така, се забележува зголемување на вкупните износи потрошени за лекови на рецепт на товар на ФЗОМ кои бележат значаен пораст. Референтните цени на лековите и распределбата на финансиските лимити (квотите) на аптеките позитивно влијаат на потрошувачката на лековите на рецепт за ПЗЗ. Забележителни се и разлики на потрошувачката на лекови по Подрачни служби на ФЗОМ. На потрошувачката влијаат пропишувачките навики, структурата на населението и други фактори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.