Милан продолжува со лоши резултати. Од гостувањето кај Ливорно се враќа само со бод и тоа благодарение на Марио Балотели кој вторниот гол постигна на седум минути пред крај.
Гостите поведоа во 7 минута. Балотели беше прецизен по асистенцијата на Кака. Но домаќините направија целосен пресврт со головите на Силигарди во 31. минута и Паулињо во 58. минута.
Ливорно не издржа да го задржи водството најмногу благодарение на мајсторијата на Балотели кој во 83 минута го постави конечниот резултат. Тој можеше да биде и херој за својот тим но топката во 89. минута ја погоди само пречката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.