| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски го брани сонцето од Кутлеш-симболот што неговата партија го острани од државното знаме

igor-ivanovski

Пратеникот на СДСМ Игор Ивановски жестоко се спротивстави на предлогот на неговиот колега од ЛДП Ивон Величковски да се ограничи употреба на знамето со шестнаесеткракото сонце од Кутлеш.

– За мене, без разлика на мојата политичка припадност, мојата позиција, ваша или нечија идна, како пратеник во ова Собрание, но најмногу како граѓанин, оваа ѕвезда, ова сонце од Кутлеш претставува дел од македонскиот, национален, историски и културен идентитет. И тој ќе остане како што бил, е и во иднина дел од македонскиот историски и културен идентитет, рече Ивановски.

Знамето со шестнаесеткракото сонце беше државно знаме на Македонија до 1995 година кога беше сменето од страна на партијата на Ивановски која тогаш беше на власт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top