Челси изгуби на гостински терен против Стоук 2-3, Манчестер Сити одигра само нерешено против Саутемптон 1-1, Манчестер Јунајтед изгуби дома од Њукасл 0-1, додека Ливерпул беше убедлив на Енфилд Роуд и со 4-1 против Вест Хем и се искачи на второто место на тебелата веднаш зад лидерот Арсенал кој својот меч го игра утре.
Ливерпул поведе уште во првото полувреме со автоголот на Демел. Во вториот дел Сахо и Суарез постигнаа голови за Ливерпул. О’Браен си постигина автогол кој беше четврти за Ливерпул, додека Шкртел стрелаше во својата мрежа за конечни 4-1. Овој меч го одбележаа дури три автогола.
Шок за Челси против Стоук. Домаќините успешно оддолеваа на шансите на Челси и со три погодоци успеаа да дојдат значајни три бода. Стрелци за Стоук беа Крауч во Крауч во 42, Ајрленд во 50 и Асаиди во 90 минута од натпреварот. Шурле и Демба Ба беа стрелци за Челси.
Резултати од денешните наптревари натпревари:
Манчестер Јунајтед-Њукасл 0-1, Кристл Палас-Кардиф 2-0, Ливерпул-Вест Хем 4-1, Саутемптон-Манчестер Сити 1-1, Стоук-Челси 3-2, ВБА-Норвич 0-2.
Денеска уште се игра натпреварот Сандерленд-Тотенхем.
Утре:
Фулам-Астон Вила, Арсенал-Евертон
Во понеделник:
Свонси-Хул
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



