Во 15 коло од Германскиот фудбалски шампионат популарната „Бундес лига“ шампионот Баерн Минхен суперирно со седум погодоци се враќа од гостувањето во Бремен против екипата на Вердер. Баерн постигна дури седум гола, а не прими ниту еден. Овој дуел пред неколку години важеше за дерби во лигата, но очигледно Баерн во оваа сезона е многу посупериорен во однос на тимот од Бремен. Гостите од Минхен постигнаа по три погодоци во првото полувреме. Резултатот беше отворен по автоголот на Мулонготи додека во продолжението успешно стрелаа кон противнилкиот гол Ван Бујтен и Рибери.
Во вториот дел иста слика на теренот. Баерн продолжи со нападите кон голот и успешно ја погоди противничката мрежа уште четири пати. Серијата ја продолжи Манџукиќ па Милер додека Рибери го постигна и вториот гол на овој натпревар. Во финишот од мечот во листата на стрелците се запиша и Геце.
Дербито во ова коло се игра во Дорутмунд каде Борусија ја пречекува екипата на Баер Леверкузен.
Во останати средби од денешната програма се постигнати следните резултати:
Франкфурт-Хофенхајм 1-2, Хамбургер-Аугсбург 0-1, Менхенгладбах-Шалке 2-1, Штудгарт-Хановер 4-2.
Во вчерашниот дуел Нинберг и Мајнц одиграа 1-1.
Во ова коло уште се среќаваат Фрајбург-Волфсбург и Брауншвајг-Херта кои нетпреварите ќе ги одиграат утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



