Српските медиуми не соопштуваат детали за шоферот кој управувал со камионот.
– На царинската испостава во Батровци при контрола на камион со македонски регистарски таблички пронајдени се 908 килограми опојна дрога марихуана која патувала за Швајцарија, изјавил Владимир Ковачевиќ, од српската царина.
Според Ковачевиќ, камионот стигнал на граничниот премин меѓу Србија и Хрватска вчера вечер, а утрово бил однесен на преглед. Ковачевиќ истакнал дека во тек била постапка на „обработка на лица и попис на запленета роба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


