Чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок предизвика скандал откако неговиот неформален разговор со министрите за одбрана и финансии во долниот дом на парламентот во кој се жали дека мора да оди на погреб на Мандела го слушна целата јавност.
Чувствителниот микрофон во парламентот го улови жалењето на премиерот кој сакал да избегне да оди на погребот на поранешниот јужноафрикански претседател.
– Еј Воле, сега уште почина и Мандела. Се надевам дека ќе патува претседателот. Се тресам да не морам да одам таму.
Ова е дел од разговорот на премиерот со министерот за одбрана Властимил Пицек кој бил емитуван на информативниот канал на националната телевизија ЦТ24.
Руснок се жалел дека ЈАР е далеку, и се надевал дека претседателот ќе сака да оди место него.
– Страшно. Ма се надевам дека ќе лета. Се надевам дека Милош Земан е попален да патува некаде. Но, лекарите сигурно ќе му кажат да не патува, вели тој во разговорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


