| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац на прагот на анорексија

Наташа Беквалац е опседната со својот изглед и иако има само 49 килограми, таа е на чекор до анорексија. Како што пишуваат српските медиуми таа опасно си игра со своето здравје.
Таа со својата диета и со операцијата на желудникот сега има само 49 килограми што е многу близу до границата на анорексија.
– Наташа неодамна вгради балон во желудникот за да го намали внесувањето на храна, но и покрај тоа одбива да јаде. Оптоварена е со нејзиниот изглед во последно време и никој не знае што и’ се случува. Кога на пријателите им кажа дека има 49 килограми, сите се шокираа-, рекол извор близок на пејачката.
Сите сметаат дека одлично изгледа и дека не треба да се изгладнува, но Наташа не ги слуша. Одбива да јаде, правдајќи се дека не е гладна, а ситуацијата станува се посериозна. Таа практично е на чекор до анорексија и така го упропастува своето здравје. Наташа до крајот на годината има уште 10 настапи, сите се секираат како ќе издржи да пее и игра во исто време. Ако продолжи да одбива храна, којзнае каде ќе заврши“, вели извор близок до Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top