Во автомат клубот „Сенатор“ на булеварот „Октомвриска револуција“ вчера околу 8 часот е извршено разбојништво при што се одземени околу 200 илјади денари.
Сторителот кој влегол во автомат клубот бил маскиран и вооружен, на главата носел фантомка и заштитна кацига за мотор во раката, тој им фрлил црна кеса и им рекол да ја наполнат, предупредувајќи ги дека ако го активираат алармот или пробаат нешто друго, ќе пука.
Откако ги одзел парите, сторителот го напуштил лице местото, стекнувајки се со противправна имотна корист од околу 200.000 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


