
И денеска обид да се урне споменикот на Цар Душан во Скопје, но полицијата успеа да ги запре намерите на оние малкумина што се собраа во центарот на градот. Тие го покрија споменикот со црна наметка, по што веднаш интервенираа единиците на МВР. Протестот на Албанците беше закажан за 12 часот. Полицијата, специјалните единици се на терен.

Синоќа главниот уредник на ТВ Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави неколку фотографии од вечерашните обиди за уривање на споменикот на мостот пред зградата на Уставниот суд во центарот на Скопје. Телевизија пренесува дека меѓу собраните граѓани синоќа имало и претставници на ДУИ. Организираната група од околу дваесетина граѓани подолго време се обидувала да го урне споменикот, но успеала со чекани само да го оштети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


