Атланта Хоукс убедливо го победи тимот на Кливленд во синоќешниот натпревар од НБА лигата со 108-89. Вчерашното коло го одбележа рекордот на Кајл Корвер кој е соиграч на Антиќ по постигнати тројки на последователни натпревари. Тој го сруши рекордот на Дејна Барос од 89 последнователни натпревари на кој постигнал тројка. Новиот рекордер сега има 90 натпревари и изјави дека се се чуствува одлично и е благодарен на соиграчите и тренерот што му го овозможиле ова.
Ова на Антиќ му е трет натпревар по ред во кој нема никаков учинок.
Лос Анџелес Лејкерс победија во Сакраменто и без Коби Брајант кој се очекува да го облече дресот по тешката повреда која оддалечи од терените 7 месеци на следниот натпревар за „езерџиите“ кои ќе го играат на домашен терен во недела.
Во останатите средби се постигнати следните резултати:
Вашингтон – Милвоки 105:109 (прод.)
Шарлот – Филаделфија 105:88
Атланта – Кливленд 108:89
Бостон – Денвер 106:98
Њујорк – Орландо 121:83
Њу Орлеанс – Оклахома 95:109
Хјустон – Голден Стејт 105:83
Феникс – Торонто 106:97
Портланд – Јута 130:98
Сакраменто – Лејкерси 100:106
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



