| четврток, 6 декември 2018 |

Свиндал најбрз на спустот во Бивер Крик

aksel lund svindal

Норвешкиот алпски скијач Аксел Лунд Свиндал беше најбрз во спуст трката возена во Американскиот скијачки центар Бивер Крик. Тој патеката ја помина за 1.44.50 минути. На второто место се пласираше Австриецот Ханес Рајхл со 17 стотинки заостанување, додека трет беше италијанскиот скијач Петер Фил со 20 стотинки заостанување зад лидерот.
Американецот Боде Милер кој важи за главен фаворит во оваа дисциплина во конечниот редослед заврши на 13 место и најавува одлична сезона по тешката повреда која ја заработи минатата сезона.

marija hefl rish

Кај дамите во истата дисциплина, но возена во Лејк Луис победи победи Германката Марија Хефл Риш пред Мари Кауфман Абдерхалден од Швајцарија и Елена Фанкини од Италија. По 10 месечна пауза поради тешка повреда на патеките се врати Линдзи Вон која сепак немаше забележителен резултат и се пласираше на 40 место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top