Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ги преземаа сите мерки за згрижување на 69 годишниот Јован Пецуровски од Русиново.
За Пецуровски на кого му е дијагностицирана психичка болест, немаше кој да се грижи.
По објавената вест во медиумите, вчера Пецуровски со болничко возило беше транспортиран и сместен во ЈЗУ Психијатриска болница “Негорци” – Гевгелија каде што ќе ја добие сета потребна грижа од болничкиот персонал за негова рехабилитација.
Министерството за труд и социјална политика и натаму ќе ја следи состојбата со 69 годишниот Јован Пецуровски од Русиново и ќе ги презема сите потребни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Интеграција, а не дискриминација на децата со попреченост
-
Ибрахими: Владата ќе одлучи дали ќе го продолжи рокот за привремено сместување на лицата чии домови беа поплавени
-
МТСП: Корисниците да ја обноват документацијата за правата од социјалната заштита
-
Следи продолжен викенд: Понеделник неработен за сите граѓани


